4:22-27
22. | Зашто е напишано дека Авраам имаше двајца синови, еден од слугинката, а друг од слободната. |
23. | Но оној што беше од слугинката, се роди по плот; а оној што беше од слободната – по ветување. |
24. | А ова е речено сликовито и ги претставува двата завета: едниот од Синајската планина, која раѓа за ропство; а тој е Агара, |
25. | бидејќи Агара ја означува планината Синај во Арабија, а одговара на сегашниот Ерусалим и робува со децата свои; |
26. | а горниот Ерусалим е слободен: тој е мајка на сите нас. |
27. | Оти е напишано: „Развесели се неплодна, ти што не раѓаш; воскликни и извикај ти, што не си искусила породилни маки; бидејќи напуштената има многу повеќе деца од онаа, која има маж!” |