Послание на светиот апостол Павле до Римјаните
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Римјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

6:18-23

18. Откако се ослободивте од гревот, вие станавте робови на правдата.
19. Ви зборувам како човек, за вашата плотска слабост. Оти, како што ги предостававте членовите ваши да бидат робови на нечистотата и беззаконието за беззаконство, така и сега оставете ги членовите ваши да бидат робови на правдата за осветување.
20. Зашто, додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од правдата.
21. А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нивниот крај е смртта.
22. Но сега, кога се ослободивте од гревот и Му станавте служители на Бога, вашиот плод е светост, а крајот – животот вечен.
23. Оти, платата, што ја дава гревот, е смрт, а дарот Божји е живот вечен во Христа Исуса, нашиот Господ.