Свето евангелие според светиот апостол Матеј
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

5:14-19

14. Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина.
15. Ниту, пак, светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи.
16. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни.
17. Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам.
18. Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сe.
19. И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.