7:36-50
36. | Еден од фарисеите Го помоли да јаде со него; и Он, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза. |
37. | И ете, една жена од градот, која беше грешница, штом чу дека Он седи на трпеза во куќата на фарисејот, донесе алабастрен сад со миро; |
38. | па, како застана при нозете Негови одзади, плачејќи, почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги триеше со косата своја; и ги целиваше и помазуваше со миро. |
39. | А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, рече во себе, велејќи: „Да е Овој пророк, би знаел која е и каква е оваа жена, што се допира до Него, оти таа е грешница.” |
40. | Му одговори Исус и рече: „Симоне, имам нешто да ти кажам.” А тој одврати: „Учителе, кажи!” |
41. | Исус му рече: „Двајца му беа должни на еден заемодавец: едниот му должеше петстотини динарии, а другиот педесет. |
42. | Но, бидејќи немаа да му вратат, тој им прости на обајцата. Кажи Ми, кој од нив повеќе ќе го милува?” |
43. | Симон одговори и му рече: „Мислам оној, кому повеќе му прости.” А Он му рече: „Право пресуди.” |
44. | И кога се сврте кон жената, му рече на Симона: „Ја гледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти ни вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри. |
45. | Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои. |
46. | Ти со миро не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои. |
47. | Затоа ти велам: нејзе ? се простуваат многу гревови, оти Ме возљуби многу; а кому малку се проштава, и љубов мала има!” |
48. | Нејзе, пак, ? рече: „Ти се простуваат гревовите!” |
49. | А оние што седеа со Него на трпезата, почнаа да говорат во себе: „Кој е Овој што и гревови проштава?” |
50. | На жената, пак, ? рече: „Верата твоја те спаси; оди си со мир!” |