4:6-15
6. | Оти Бог, Кој некогаш заповеда од темнината да изгрее светлина, Он ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исуса Христа светло. |
7. | Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да Му се оддава на Бога, а не нам. |
8. | Во сe сме навредувани, но не сме притеснети; во тешкотии сме, не губиме надеж; |
9. | нe гонат, но не сме изоставени; нe кутнуваат, но ние не загинуваме. |
10. | И секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господа Исуса, така што и животот Исусов да се открие во телото наше. |
11. | Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исуса, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело, |
12. | така што смртта да дејствува во нас, а животот – во вас. |
13. | Имајќи го, пак, тој ист дух на верата, како што е напишано: „Поверува и затоа зборува”, и ние веруваме, па затоа и зборуваме, |
14. | знаејќи, дека Кој го воскресна Господа Исуса и нас ќе нe воскресне преку Исуса и ќе нe постави со вас. |
15. | Зашто сe е заради вас, та благодатта, откако се преумножи, преку мнозина да произведе уште поголема благодарност за славата Божја. |