10:1-10
1. | Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога е да се спаси Израилот. |
2. | Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога, но не по разумот. |
3. | Зашто, не познавајќи ја правдата Божја и гледајќи да ја воспостават својата правда, тие не ? се покорија на Божјата правда, |
4. | бидејќи свршетокот на Законот е Христос, преку Кого ќе биде оправдан секој што верува. |
5. | Мојсеј пишува за оправданието од Законот: „Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив”. |
6. | А оправданието на верата вели: „Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се возвиси на небото?”, односно да Го симне Христа, - |
7. | или, „Кој ќе слезе во бездната?”, односно да Го изведе Христа од мртвите! |
8. | Но што вели Писмото: „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце”, односно словото на верата, што го проповедаме, |
9. | оти, ако со устата Го исповедаш Господа Исуса и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш; |
10. | бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение. |