Пролог: Преподобен Сергеј Радоњежски
 

 

Житие: Преподобен Сергеј Радоњежски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Голем подвижник и светлиник на Црквата во Русија. Се роди во 1313 година во Ростов, од побожните родители Кирил и Марија. По смртта на родителите Вартоломеј - така му беше името од Крштението - се замонаши и ја основа обителта на Света Троица во Радоњежските шуми. Овој тивок и кроток слуга Господов знаеше само за труд и молитва. Заради чистотата на неговото срце се удостои со дар на чудотворство, па со името Христово воскреснуваше мртви. Повеќепати му се јави Пресвета Богородица. Кај него доаѓаа кнезови и владици за совет. Тој го благослови кнезот Дмитриј Донски и му ја претскажа победата во војната за ослободување на Русија од Татарите. Гледаше во човечките срца и во настани на далечина. Неговата обител се наполни со монаси уште за време на неговиот живот и со векови и векови служеше како едно од најглавните притекнувалишта на духовниот живот и за сведоштво на Божјите чуда. Свети Сергеј се упокои во 1391 година. По смртта повеќепати им се јави на различни лица.

Тропар
Добродетелен подвижниче, воин вистински на Христа Бога, подвижниче кој во животот привремен над страстите се воздигна, пример стана во пеењето, постот и бдението на твоите ученици. Затоа се всели во тебе Духот Свети, Кој светло те украси. Но бидејќи имаш смелост пред Пресвета Троица, спомни си за стадото што си го собрал и не заборавај по ветувањето да ги спасиш чедата твои, Сергие оче наш преподобен.