Пролог: Свети сто педесет и шест маченици
 

 

Житие: Свети сто педесет и шест маченици

Календар, житија, пости
Почеток
 
Сите Мисирци. Страдаа за Христа во 310 година, едни од меч, други од оган. Меѓу нив беа и двајца старци епископи: Пелеј и Нил, потоа свештеникот Зинон и двајцата славни мажи: Патермутиј и Илија. Со нив пострада и прочуениот слеп старец Јован, којшто го знаеше Светото Писмо наизуст и наизуст го кажуваше на христијанските собранија. Сите се овенчаа со маченички венци и се преселија во бесмртното Царство Христово.

Тропар
Голема е славата ваша при Господа, о свети страдалници, и силна е молитвата на која се надеваме, а вие пред одарот на слободата ја принесувате, достојнославни отци, кои минливост земна презревте и во идниот живот надеж во Христа положивте.