Пролог: Преподобен Ефросин готвач
 

 

Житие: Преподобен Ефросин готвач

Календар, житија, пости
Почеток
 
Прост човек, но Божји човек. Служеше како готвач во еден Аморејски манастир во 9 век. Духовникот на тој манастир една ноќ се виде себеси во Рајот и таму го здогледа Ефросин. Ефросин му избра три рајски јаболка и му ги подари. Кога се разбуди, духовникот покрај својата перница ги најде оние три прекрасни миризливи јаболка. Брзо појде кај Ефросин и го праша: „Кај беше ноќеска, брате?“ „Таму каде што беше и ти, оче,“ му одговори блажениот угодник Божји. Тогаш духовникот им го објави целиот случај на монасите и сите ја познаа светоста и богоугодноста на Ефросин. А Ефросин, плашејќи се од славата меѓу луѓето, веднаш побегна од манастирот и се скри во пустината, каде што го помина остатокот од својот живот.

Тропар
О Ефросиние, Божји угодниче, кој умре пред да умреш, за вечно во рајските населби да живееш, не престанувај да н? спомнуваш во градината на мирот, ти кој молитвено храна земна припремајќи, на Бога се молеше, храна небесна да подари на оние кои Го љубат, непокајаните да се покајат, болните да се излекуваат и сите вечност да видат во Христа Живиот.