Пролог: Светиот свештеномаченик Маркел, епископ Апамејски
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Маркел, епископ Апамејски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Роден е на Кипар, од богати и угледни родители. Имаше високо образование, стапи во брак и имаше деца. Кога умре жена му, се повлече во монашки живот, заради што ги остави децата на Промислата. Се прочу заради милосрдноста, кротоста и духовната ученост, и заради ова апамејците го избраа за свој епископ. Како епископ ревносно се трудеше во обраќањето на незнабожците во христијанската вера. Кога изгоре еден идолопоклонички храм, идолопоклониците го фатија Маркел како божемен предизвикувач на тој пожар и во оган го изгореа, околу 389 година.

Тропар
Оган ревносен стана, Маркеле, Божји пастиру, деца на волја Господова предаде, жезол доби деца кон Христа да водиш, збор благодатен во патоказ се претвори, и ти маченички во градини небесни стигна, од каде сега моли се, идоли во нас да срушиме и на Бога душа очистена да предадеме.