Пролог: Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа
 

 

Житие: Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа

Календар, житија, пости
Почеток
 
Ќерка на Филип, којшто беше епарх на целиот Мисир. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните беа прогонувани од Александрија и живееја надвор од градот. Девицата Евгенија ги посетуваше и со сето срце ја прими нивната вера. Побегна од родителите и со двајца свои верни евнуси се крсти од епископот Елиј, па преоблечена во машка облека стапи во еден машки манастир и таму прими монашки чин. Толку го очисти своето срце со доброволен подвиг, што од Бога прими благодат на исцелување на болните. Така ја исцели една богата жена Мелантија. Но потоа истата жена сакаше, мислејќи дека е машко, да ја навлече на телесен грев. Па бидејќи Евгенија одлучно ја одби, оваа зла жена за одмазда отиде кај епархот и ја наклевети Евгенија исто онака како што некогаш Петефриевата жена го обвини целомудрениот Јосиф. Епархот нареди и сите монаси ги оковаа и ги фрлија во затвор заедно со Евгенија. Но кога ја изведоа на суд, Света Евгенија му се покажа на татко ? како негова ќерка. Израдуван, Филип се крсти заедно со сиот негов дом. По ова беше избран за епископ на Александрија. Кога слушна за ова римскиот цар, испрати еден свиреп војвода Теренциј, којшто дојде во Александрија и тајно го уби Филип. Тогаш Света Евгенија заедно со мајка ? и со браќата се пресели во Рим. Таму храбро и ревносно ги обраќаше незнабожците во вистинската вера, особено девојките. Така ја обрати и некоја прекрасна девојка Василија. Наскоро оваа беше убиена за Христа, како што ? прорече Света Евгенија. Тогаш ги убија и оние двајца евнуси, Прот и Јакинт. Најпосле дојде и маченичкиот крај на Света Евгенија. Од нејзиното присуство падна идолскиот храм на Дијана и се разурна. Мачителите најпрво ја фрлија во вода, а потоа во оган, но Бог ја спаси. Во затворот ? се јави Самиот Господ Исус и ? рече дека ќе пострада на денот на Неговото Рождество. Така и стана. Ја убија со меч на 25 декември 262 година во Рим. После својата смрт Света Евгенија ? се јави на својата мајка во голема слава и ја утеши.

Тропар
Евгенија, света Евгенија – небото повикува, вселената се радува. Природата, светителке, е во твоите раце – од благодат врз благодат огнот не те допира, водата нозе ти принесува, тело ти има храна нетрулежна. Умот, маченичке, подигнувајќи ти го над небесата, Христос Своето Царство ти го принесува поради подобриот пат што си го избрала, а нас по твоите молитви н? спасува, оставајќи н? да воскликнуваме: Славен и прославуван си Ти, Господи, во светиите Свои!