Пролог: Светиот свештеномаченик Валентин
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Валентин

Календар, житија, пости
Почеток
 
Беше епископ во италијанскиот град Интерамна. Го исцели болниот брат на римскиот трибун Фронтан. Кога се разболе Херимон, синот на познатиот философ Кратон, посоветуван од Фронтан Кратон го повика Валентин во Рим. Херимон беше сиот згрчен, така што главата му беше свиткана меѓу колената. Валентин се затвори во собата со болниот и цела ноќ ја мина во молитва. Утредента го изведе Херимон наполно здрав и го предаде на татко му. Тогаш се крсти Кратон со целиот свој дом и со своите тројца ученици. Херимон го остави татковиот дом и тргна по Валентин. Тогаш се крсти и синот на римскиот епарх Авундиј. Разјарен од ова, епархот го фати Валентин и откако го мачеше го уби со меч. Тогаш беа убиени и тројцата ученици на Кратон: Прокул, Евив и Аполониј. Нивните тела ги зеде Авундиј и чесно ги погреба. Сите пострадаа во 273 година и станаа граѓани на Небесното Царство.

Тропар
Боговдахновен учителу во Господа, Валентине свет, Животот ти подари да видиш деца од своите деца во Христа, да рашириш молитва од татко на син и мајка на ќерка, па собрани околу света трпеза, излечени да бидат со вера во Бога. Радувај се, свет епископе, и за нас спомни си од Царството Нетлено.