Житие: Светиот маченик Арчил II цар Грузиски
Син на царот Стефан, а внук на великиот грузиски цар Вахтанг. Царот Арчил, голем христијанин и заштитник на христијанството, беше мачен од муслиманите и заклан за Христа на 20 март 744 година. Имаше осумдесет години кога пострада за Господ и се пресели во блажената вечност.