Пролог: Преподобен Јован Хозевит
 

 

Житие: Преподобен Јован Хозевит

Календар, житија, пости
Почеток
 
Мисирец. Се подвизуваше во Хозевитската обител во времето на царот Јустинијан. Кога и да служеше литургија во олтарот гледаше небесна светлина. Во негова близина се подвизуваше старецот Ананија. Смирението на овие светители беше чудесно. Еден човек му го доведе на Ананија својот полуден син за да го исцели со молитва. Ананија го испрати кај Свети Јован како кај поголем од себеси. Јован пак, не можеше да не го послуша старецот, но возвикна: „Во името на Исус Христос ти заповеда Ананија а не јас, да излезеш од ова момче!“ И момчето веднаш оздраве.

Тропар
Блажен си ти, Јоване, слуго на Бога вишниот, кој Патот го пронајде со смирение и трпение. А Он те научи како благодат се собира и тихување чува, од кое душата со Бога се помирува. Моли се за нас, оче преподобен, кој со сила Господова мртви воскреснуваше и вода изведуваше во слава Негова.