Пролог: Светиот маченик Петар Авесаламит
 

 

Житие: Светиот маченик Петар Авесаламит

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родум од Елефтеропол во Палестина. На младост пострада за верата во Христа, во времето на царот Максимин, во 311 година. После многу маки го осудија на смрт. Кога ја сослуша смртната пресуда радосно возвикна: „Тоа е мојата единствена желба, да умрам за Христа!“ Го распнаа на крст и како и Самиот Господ издивна на крстот.

Тропар
Крстот свој го понесе, о Петре маченичке свети, на него измамата идолска ја распна, пред очите на оние кои одеа во смртна сенка, но безумието не ја виде светлината, посведочена од крвта која Христа Го исповедаше, и на крст те прикова кој добивка стана за тебе, а за нас прибежиште, во кое се надеваме на твоите свети молитви. Господи, слава Ти!