Пролог: Светиот Праведен Михаил војник
 

 

Житие: Светиот Праведен Михаил војник

Календар, житија, пости
Почеток
 
По раѓање Бугарин. Со својата дружина се бореше во грчката војска против Агарјаните и Етиопјаните. Покажуваше чудесна неустрашливост. Уби една страшна змија и ја ослободи една девојка. Наскоро потоа овој праведен маж се пресели во вечниот живот. Живееше и умре во 9 век. Закопан е негде во Тракија, а во 1206 година царот Карло-Јован ги пренесе неговите мошти во Трново.