Пролог: Преподобна Исидора Јуродива
 

 

Житие: Преподобна Исидора Јуродива

Календар, житија, пости
Почеток
 
Живееше во 4 век и беше монахиња во женскиот манастир во Тавенисиот. Се правеше луда за да ја скрие својата добродетел и својот подвиг. Ги работеше највалканите работи, се хранеше со помии од садовите, ги услужуваше сите и секого и беше презирана од сите и од секого. Во тоа време ангел Божји му ја откри на еден голем подвижник, Питирим, тајната за Исидора. Питирим дојде во женскиот манастир и кога ја виде до земја ? се поклони. Тогаш сестрите му кажаа на Питирим дека таа е луда. „Вие сте луди“, им одговори Питирим, „а оваа е поголема пред Господ и од мене и од вас. Јас само Го молам Бога да ми го даде мене она што нејзе ? е одредено на Страшниот Суд“. Тогаш сестрите се засрамија и ги молеа Питирим и Исидора за прошка. Оттогаш сите почнаа да ? укажуваат чест. А таа, за да ги избегне почестите од луѓето, побегна од манастирот и не се знае каде умре, околу 365 година.

Тропар
Ангел Божји помеѓу луѓето, кој со срцето од Бога не отстапи, девственичке света, обрезана заради Небесното Царство, света Исидоро, моли се за нас, сиромавите, кои не се удостоивме да ги видиме стапалките твои, кои итаат кон Небесните висини.