Житие: Преподобен Антониј Римјанин
Роден е во Рим во 1086 година, од родители благочестиви и имотни. Во тоа време Римската црква се одвои од Источната и сите што ? останаа верни на Источната Црква беа гонети од римскиот клир. Меѓу гонетите беше и Антониј. Тој го раздаде сиот наследен имот и се замонаши. Се подвизуваше стоејќи на една карпа во морето четиринаесет месеци. Но карпата се одвои од својата основа и по некоја чудна промисла доплови во Новгород. Во Новгород љубезно го прими архиерејот Никита и му помогна да ? подигне црква на Пресвета Богородица, каде што потоа се крена манастир. Поживеа Свети Антониј долго како игумен на манастирот, пројави голема благодатна сила преку многу извршени чуда и се упокои мирно во 1146 година, кога се пресели во дворците на Господ.
Тропар
О велик Антоние, кој се удостои да бидеш положен во рацете на Каменот аголен, радувај се оче преподобен, бидејќи на Тој брод далечина нема и времето земно мирува. А ти, солзна покривка радосна даде на душата твоја: приведувајќи мнозина кон Христа, пастиру Господов. Моли се за нас, странецу земен, на кого денес чест воздаваме и на твоите нетлени мошти се поклонуваме.