Пролог: Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Најпрво беше епископ Кападокиски. Но во времето на Северовото гонење во 203 година го фрлија во затвор и го прогонија. По ова го прими ерусалимскиот престол. Ја основа прочуената ерусалимска библиотека, со којашто Евсевиј се служеше при пишувањето на својата Историја на Црквата. Во времето на Декиј беше мачен на разни начини и фрлен пред ѕверови. Остана жив и нечепнат од ѕверовите, па го фрлија во затвор, каде што во 251 година го заврши овоземниот живот и се престави кај Господ.

Тропар
Епископе свети, Александре свештеномачениче, темнината на затворот како копрена, спуштајќи се на очите твои, ги отвори очите на умот кон Христа Господа, милувајќи те, Спасителот го покори мракот пред тебе, и на рајска светлина те удостои, која сега за нас ја измолуваш, пред престолот на Бога Троичен.