Пролог: Светите славни Четириесет битолски преподобномаченици
 

 

Житие: Светите славни Четириесет битолски преподобномаченици

Календар, житија, пости
Почеток
 
Свети 40 Битолски преподобномаченици се новоканонизирани македонски светители кои биле свештеници и монаси во Битола во втората половина на XIV век, кога Османлиите ја освоиле Битола. 39-те монаси и свештеници веднаш по освојувањето на Битола биле заробени од страната на Агарјаните. За време на заробеништвото и еден муслимански преведувач преминал во христијанство со што бројката пораснала на 40. На деветтиот ден од месецот март 1384 година сите 40 заробени биле погубени на Баирскиот рид во Битола.

Тропар
На Битола благоухание цветови, и сопричесници на мачениците Христови, светите четириесет од душа да ги чевствуваме. Зашто тие, возвестувајќи ја православната вера, мракоподобната агарјанска заблуда ја изобличија и поради отсечените божествени глави од раскошот на Рајот се насладуваат.