Пролог: Светите маченици Евстатиј, Теспесиј и Анатолиј
 

 

Житие: Светите маченици Евстатиј, Теспесиј и Анатолиј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родени браќа од Никомидија, од незнабожни родители, Филотеја и Евсевиј, коишто подоцна ја примија вистинската вера од Св. Антим Никомидиски, заедно со своите синови. Филотеј беше ракоположен за презвитер. Кога тој со жена му се упокои, настана страшното гонење на христијаните под злочестивиот цар Максимијан и тројцата Филотееви синови беа изведени на суд. Беа судени, мачени, истизавани на разни начини и најпосле осудени на смрт. Повеќепати им се јавуваа во затворот ангели, па им даваа за храна манна и ги исполнуваа нивните млади срца со сила и храброст во трпењето. Кога ги изведоа на губилиштето им пријдоа двајцата другари, Паладиј и Акакиј и разговараа со нив. И додека уште разговараа, Светите маченици Му ги предадоа на Бога своите души. Тогаш војниците им ги отсекоа мртвите глави и ги однесоа за да му ги покажат на судијата. Пострадаа за Господ Исус Христос околу 313 година.