Пролог: Светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки
 

 

Житие: Светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки

Календар, житија, пости
Почеток
 
Момче од Радовиш, од Струмичката епархија во Македонија. Учеше занает во Солун. Турците го присилуваа да се потурчи, а тој одлучно ги одби. За ова беше мачен и најпосле го обесија на 29 август, 1794 година.

Тропар
Телото твое падна под ударите на зловерието, но душата пат проби во нејзиното очистување, закрепена од благодат Христова, до Небесното Царство, о Анастасие свет мачениче. Од верата не откажувајќи се, нас молитвено н? поведе кон Спасителот на сите, пред Кого и сега моли за наше спасение.