Пролог: Светиот маченик Стефан Дечански, крал српски
 

 

Житие: Светиот маченик Стефан Дечански, крал српски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Син на српскиот крал Милутин и татко на царот Душан. По наредба од својот неинформиран татко беше ослепен, а по наредба на својот лекомислен син на старост беше удавен. При ослепувањето му се јави Св. Николај во храмот во Овче Поле и му ги покажа неговите очи велејќи: „Стефане, не плаши се, еве ги твоите очи на мојата дланка, во свое време ќе ти ги вратам“. Пет години помина во Цариград како заробеник во манастирот Пантократор. Со својата мудрост и со својот подвиг, со кротоста и благочестието предничеше не само пред монасите туку и пред сиот Цариград. Кога се навршија пет години повторно му се јави Св. Николај и му рече: „Дојдов да го исполнам ветувањето“. Светителот го осени слепиот крал со знакот на крстот и кралот прогледа. Од благодарност кон Бога го изгради Дечанскиот храм, едно ретко прекрасно дело на византиската уметност. Животот го проживеа и го заврши како маченик во 1336 година.

Тропар
Блаженство ти подари Господ во милостивоста твоја, миротворство ти принесе пред Царот на мирот, молитвите твои кон изворот на благодатта ја покажаа пред светот и ангелите верата во Христа непосрамена. Радувај се, Стефане, и за нас моли се, ти кој миленик беше на Николај светиот, а за нас денес патеводител кон Царот на Славата.