Пролог: Светиот маченик Миракс
 

 

Житие: Светиот маченик Миракс

Календар, житија, пости
Почеток
 
Мисирец. Залажан од муслиманскиот емир го прими исламот. Потоа се покаја, влезе во џамијата со крст, се објави себеси за христијанин и ги повика муслиманите да ја остават лагата и да ја примат вистината. Мачен и убиен во 640 година.

Тропар
Блажен е оној кој има застапник пред Господа, о Мираксе, свети покајниче, по молитвите на тие кои тело ти дадоа се разбуди од смртната измама, а Господ те закрепна чистота да повратиш преку мачеништво, кое секоја дамка нечиста ја изми. Затоа сега и нас спомни нe, ти кој го носиш венецот на покајанието.