Пролог: Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари
 

 

Житие: Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари

Календар, житија, пости
Почеток
 
Сите пострадаа околу 300 година. Прво беа мачени, па убиени со меч. Пред својата смрт, Св. Јулијан Го молеше Бога вака: „На оние што ќе земаат од правот мој, подај им, Господи, простување на гревовите и стивнување на страстите. Нивните полиња нека не ги напаѓаат ни штетни птици, ни скакулци, ни гасеници, ни други смртоносители, а мојот дух прими го во мир.“

Тропар
Голема вера видовме во тебе при страдањата твои, о Јулијане, но величината твоја во Христа само Он ја знае, исповедниче на вистината. Напојувајќи се со благодатните молитви твои, кои ги просиме пред Седржителот, за секоја мака и напаст: „Осана на Бога во висините“ повикуваме, заедно со четириесетте гласови маченички, кои тебе кон Христа те следеа и на кои и ние чест и поклонение им воздаваме.