Житие: Светиот маченик Панхариј
Родум од Вилапата во Германија. Беше висок чиновник на дворецот на царевите Диоклецијан и Максимијан. Прво се одрече од Христа, но посоветуван од мајка му и од сестра му, се врати во верата и загина за неа во 302 година.
Тропар
„Боже на нашите татковци“, повика, о ти, Панхарие, кога се созеде од пијанството на овој свет, по молитвите на онаа која те роди. Горко покајание, а уште поголем подвиг маченички поднесе заради Христа, пред ангелите и луѓето, и името твое во книгата на живите беше запишано. Удостој н?, Господи, по неговите молитви за да не заборавиме од која татковина потекнуваме и спаси ги, Благи, душите наши.