Пролог: Преподобна Атанасија
 

 

Житие: Преподобна Атанасија

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родена на островот Егина од богати и благородни родители. Имотот им го раздаде на сиромасите и појде во манастир, каде што себеси си налагаше подвиг врз подвиг. Храна земаше само еднаш дневно, и тоа леб и вода; за време на Чесниот Пост еднаш во два дена, а риба и масло вкусуваше само на Божик и на Воскресение. Иако беше игуманија, во манастирот им беше слугинка на останатите сестри и се срамеше некој нејзе да ? послужи. Се удостои со голем дар на чудотоворство и за време на животот и после смртта. Се упокои во Господ во 860 година.

Тропар
Бесмртна невесто на Бесмртниот Женик Христос, блажена Атанасие игумание, на ангелите достојна сожителке, која со голем труд Царството Небесно го достигна со подвизите на пост и молитва. Затоа на Небесата сега достојно се радуваш во блажените живеалишта на Небесниот Цар, и Го молиш Спасителот за оние што твојот спомен со љубов го празнуваат.