Житие: Светата девица Мастридија
Живееше во Александрија и својот осаменички живот го минуваше во молитва и ракоделие. Некој млад човек се разгоре со телесна страст кон неа и постојано ѝ здодеваше. Не сакајќи да Му згреши на Бога, а гледајќи дека не може лесно да се ослободи од разузданиот човек, еднаш Света Мастридија го запраша што најмногу го привлекува кај неа. Тој одговори: „Твоите очи!“ Таа ја зеде иглата со којашто шиеше и си ги избоди со неа очите. Така го спаси својот мир и душата на младичот. Тој човек тогаш силно се покаја и се замонаши.