Пролог: Собор на сите српски просветители и учители
 

 

Житие: Собор на сите српски просветители и учители

Календар, житија, пости
Почеток
 
Овој ден не се споменуваат сите српски светители воопшто, туку само неклолкумина архиепископи и патријарси, и тоа, Свети Сава, првиот српски архиепископ, наречен рамноапостолен; Арсениј, наследник на Свети Сава, голем архиереј и чудотворец; Сава II, син на првовенчаниот крал Стефан, живееше во Ерусалим подолго време, наречен сличен на Мојсеј во кротоста (Србљак); Никодим, се подвизуваше на Света Гора и беше игумен на манастирот Хилендар, потоа архиепиоскоп на сите српски и поморски земји; Јоаникиј, најпрво архиепископ, а од 1346 година патријарх; Ефрем, подвижник, наспроти сопствената волја избран за патријарх во времето на кнезот Лазар во 1376 година, го круниса Лазар, а потоа се откажа од патријаршисикот престол и се повлече во осама; Спиридон, наследник на Ефрем, се упокои во 1388 година; Макариј, обнови многубројни стари манастири, печатеше црковни книги во Скадар, Венеција, Белград и на други места, ја подигна прочуената трпезарија при пеќскиот манастир и многу стори за унапредување на Црквата со помош на својот брат, великиот везир Мехмед Соколовиќ, се упокои во 1574 година; Гаврил, по потекло благородник од Рајиќ, учествуваше на Московскиот Собор при патријархот Никон, заради што Турците го истизаваа како предавник и на крајот го обесија, во 1656 година. Освен овие се спомнуваат уште Евстатиј, Јаков, Данило, Сава III, Григориј, Јован, Максим и Никон. Многумина од нив се подвизуваа на Света Гора, но сите беа „раби блази и вјерни, добри же дјелателие винограда Господња“ (раби благи и верни, добри трудбеници на лозјето Господово).