Пролог: Свети Левкиј, епископ Врунтисиополски, во Италија
 

 

Житие: Свети Левкиј, епископ Врунтисиополски, во Италија

Календар, житија, пости
Почеток
 
Роден е во Александрија и рано стапи во манастир. Се удостои со големи откровенија и голема благодат, така што и мртви воскреснуваше и ги изгонуваше демоните од демоноопседнатите. Прво беше епископ во Александрија, но на заповед од небото прејде во Италија, во незнабожечкиот град Врунтисиопол, којшто сиот го покрсти и во кој ? изгради храм на Богородица. После голем и успешен подвиг се пресели во вечноста, во времето на царот Теодосиј II, во 5 век.

Тропар
Пастиру свет Левкие Христов, на тебе се спростре Името кое го објави Духот Божји, и преку тебе крштението ја источи силата своја на оние кои во смртна сенка живееја. Радувај се и за нас моли се, свет исповедниче, бидејќи Црквата благодари и Бога Го прославува преку твоите свети дела.