Житие: Светите девет маченици во Кизик
Овие деветмина храбри маченици во кои гореше љубовта Христова не сакаа да им принесат жртви на идолите ниту да се одречат од Господ Христос, заради што беа луто мачени и најпосле убиени со меч. Во времето на царот Константин во Кизик беше изграден храм во чест на овие маченици, а таму ги положија и нивните нетлени мошти. Нивните имиња се: Теогниј, Руф, Антипатар, Теостих, Артем, Магн, Теодот, Тавмасиј и Филимон. Презреа с ? минливо заради вечното. Затоа Господ ги воведе во Своите вечни обители и им даде венци на непропадлива слава. Чесно пострадаа и се прославија во 3 век.
Тропар
Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици, словото Божјо докрај го запазивте, молете се за нас сега, престојувајќи пред престолот Божји, затоа што слобода имате пред Оној Кој вашите мошти ги покажа нетлени и преку нив мноштво чудеса сотвори.