Житие: Преподобниот Јован многустрадален
Затворник во пештерата на Свети Антониј Киевски. Триесет години беше мачен од блудната страст, против која се бореше неотстапно, додека не ја победи со Божја помош и со допир на моштите на Свети Мојсеј Угрин (под 26 јули). Кога ја победи оваа скверна страст, Свети Јован беше заблеснат од небесна светлина однатре, со која ноќе можеше да гледа како да е ден.
Тропар
Низ многу маки се влегува во Царството Небесно: поучуваше ти, облагодатен оче Јоване, кој награден од Господа за трпение и смирение, телото на духот го покори, величајќи Го Бога во секој ден на земниот живот твој. Сега, пак, радувај се и моли се од местото на покојот, каде денот не заоѓа.