Житие: Света Олимпијада, ѓакониса
Родена е во Цариград од мошне прочуени родители. Татко ? , Анисиј Секунд, беше сенатор, а мајка ? му беше ќерка на оној славен големец Евлавиј, којшто се спомнува во житието на Св. Николај чудотворец. Кога порасна Олимпијада беше свршена за некој големец, којшто умре пред венчавката со оваа чесна девица. Залудно и царот и останатите роднини ја советуваа да се омажи за друг, таа не сакаше никого, но се предаде на богоугоден живот, од наследениот имот правејќи големи жртви за црквите и милостињи за бедните. Служеше при храмот како ѓакониса најпрво за време на патријархот Нектариј, а по неговата смрт за време на Свети Јован Златоуст. Пред да појде на прогонство, Златоуст ја посоветува Олимпијада да остане при храмот како и порано и да ? послужи на Црквата кого и да постават за патријарх после него. Но веднаш по прогонството на овој голем светител некој ја запали големата црква, а пожарот зафати и многубројни значајни градби во престолнината. Непријателите на Златоуст ја обвинија оаа света жена за злонамерно подметнување пожар. Олимпијада беше прогонета од Цариград во Никомидија, каде што се упокои во 410 година, оставајќи аманет телото да ? го положат во ковчег и да го фрлат во морето, па каде ќе го исфрли водата таму да го закопаат. Ковчегот беше исфрлен во местото Врохта, каде што имаше црква на Светиот апостол Тома. Од нејзините мошти низ вековите се пројавуваа големи чуда на исцеление. Прогонетиот Златоуст ? пишуваше на Олимпијада прекрасни писма, коишто и денес можат да им послужат за утеха на оние што страдаат заради правдата Божја. Меѓу другото Златоуст ? пишува на Олимпијада: „Сега сум многу радосен не само затоа што ти се избави од болеста но уште повеќе затоа што толку благородно ги поднесуваш сите неволји, ги нарекуваш трици, што ? е својствено на душа преисполнета со сила и изобилна во богатите плодови на мажественоста. Бидејќи ти не само што благородно ја поднесуваш несреќата туку не ни забележуваш дека дошла, и тоа без напрегање и без труд и неспокојство, дури и не им ја соопштуваш на другите, но како ликувајќи и торжествувајќи - тоа служи како доказ за најголема мудрост. “ (Писмо VI).
Тропар
Верна Христова слугинко, која по волјата Негова трагаше катадневно, света Олимпијадо, крстот свој носејќи го, од Самарјанинот се поучи, од Милостивиот добивајќи, срцето за сите го отвори, Пресветата пред очи имајќи ја на сите им прости. Затоа и за нас моли се, света маченичке, која како светла гулабица при Женикот поита.