Житие: Светиот маченик Антониј
Граѓанин александриски. Изведен пред кнезот незнабожечки, тој слободно ја објави својата вера и беше мачен, биен и стружен, но не сакаше да се одрече од Христа. Најпосле го фрлија во оган и од сред огнот му говореше на народот: „Браќа мои возљубени, не робувајте му на телото, туку повеќе грижете се за душата, којашто ви е дадена од Бога и Нему Му е сродна, Нему и на Божествените сили.“ И така поучувајќи го народот и горејќи во огнот, Му ја предаде својата света душа на Бога.
Тропар
Минувајќи низ огнот на искушението, зборови во вселената испрати, Христовото учење величејќи го: „Не робувајте на телото, туку грижете се за душата“, о Антоние свет мачениче, и денес времето минува, но вистината јавена одозгора останува вечно. По неговите свети молитви, Господи спаси и помилуј.