Житие: Светиот свештеномаченик Астиј, епископ Драчки
Пострада во времето на Трајан. Најпрво го биеја со оловни прачки, а потоа го соблекоа и гол го распнаа на дрво. Телото му го намачкаа со мед за да го касаат осите и стршените. Славејќи Го Бога во најголеми маки, Свети Астиј издивна и прими два венци: на маченик и на јерарх.
Тропар
Телото, свет епископе Астие, го издаде подвигот твој: на крстот ги распна страстите и похотите, пастир примерен со тоа постана, кој многумина со благодат Христова избави од прелеста на овој свет. Радувај се, свештеномачениче, и за нас моли се пред Вистината Која ослободува.