Житие: Светиот маченик Кодрат Никомидиски
Беше богаташ и благородник, а уверен и крстен христијанин. Во времето на гонењето на Валеријан, кога мнозина христијани беа затворени, Кодрат ги потплатуваше затворските власти и влегуваше по затворите, им носеше потребни намирници на заробените и ги утврдуваше во верата. Кога беа изведени пред судијата и прашани за името, татковината и статусот, тие молчеа. Тогаш зад нив се појави Кодрат кој извика на сиот глас: „Христијани сме по име, благодарни слуги на Господ Исус Христос, а град и татковина ни е небото“. После оваа изјава го подложија на суд и по долги маки го убија заедно со другите.
Тропар
Божја пофалбо, Кодрате свет, вселената денес и во веки прослава на Господа вознесува,
што таков слуга има, кој пријател Негов постана, и дом измоли за себе и оние кои по неговите молитви од Христа милост добија. Радувај се, свет великомачениче, и заедно со Сатурин, Руфин и останатите, за нас молете се.