Пролог: Четиристотини и четириесет маченици
 

 

Житие: Четиристотини и четириесет маченици

Календар, житија, пости
Почеток
 
Убиени од Лонгобардите во Италија околу 579 година. За нив пишува Св. Григориј Двоеслов. На едно место беа убиени четиресетмина, а на друго другите четиристотини, сите затоа што не сакаа да јадат од идолските жртви, а освен тоа овие четиристотини не сакаа да играат околу козјата глава според тогашниот обичај на незнабожните Лонгобарди принесувана на жртва на демоните.

Тропар
Вистината, о свети маченици Христови, кога умот го допре, благодатта срцето го запали, и гласот на душата побрза, на Бога да се поклони. Радувајте се, вие кои храна небесна одбравте, и милост од Христа, молете за душите наши обременети.