Пролог: Светите маченички Гајанија, Рипсимија и останатите триесет и пет монахињи
 

 

Житие: Светите маченички Гајанија, Рипсимија и останатите триесет и пет монахињи

Календар, житија, пости
Почеток
 
Заради верата во Христа ги погуби царот Тиридат. Света Рипсимија беше необично убава, заради што царот Диоклецијан сакаше да ја земе за жена. Оттука и почна страдањето на сите триесет и седум монахињи. Рипсимија одрече да појде за царот, зашто Му се имаше посветено на својот Женик Христос. Тогаш Тиридат ја мореше да појде за него, зашто беше како опиен од нејзината убавина. Но Св. Рипсимија со сета своја сила го одбиваше царот. И оној којшто кнезовите Готски ги победи и Персијците ги порази, не можеше да совлада една девица Христова. Јаросен царот ја предаде на лути маки ( ? го отсекоа јазикот, ? го расекоа стомакот, ? ја истурија утробата), при што Рипсимија Му ја предаде својата света душа на Бога. Потоа ги фатија и останатите монахињи и ги убија со меч. Над моштите на овие маченички беше подигнат прочуениот Ечмијадзински манастир, близу Ериван, главен духовен центар во Ерменија низ многу векови.

Тропар
Ја посрамивте злобата на овој свет, дар добивајќи од Господа да се исцелуваат оние кои кон покајание ќе прибегнат, о свети девственички Христови, мажественоста на душите ваши ја победи силата телесна на неверните мачители, затоа сега молете се благодатта Господова да ги покрие нашите прегрешенија.