Житие: Светиот пророк Јона
Живееше повеќе од 800 години пред Христа. Во неговото житие се вели дека тој бил синот на онаа вдовица во Сарепта Сидонска на којашто пророкот Илија ? го воскресна синот од мртвите. Со своето тридневно пребивање во утробата на китот Св. Јона е предобраз на тридневното пребивање на Христос во гробот, а со неговото спасение - го изобрази Воскресението на Господ од мртвите. Другото запишано за овој прекрасен пророк треба да се прочита во Книгата на пророкот Јона (Стариот Завет).
Тропар
Јона, пророкот Божји, денес го прославуваме о, верни, преку него ја видовме милоста Негова, Оној Kој човекот го создаде, Тој и го љуби. Kако дете Јона Бог го воскресна, како возрасен во познание беше приведен, о, Христе на Твоето триденевно
во земја престојување. Пророче, ти кој стана труба која на покајание повикува, моли се своите гревови да ги препознаеме, и со пост и молитва кон Христа да припаднеме.