Пролог: Света Веребурга
 

 

Житие: Света Веребурга

Календар, житија, пости
Почеток
 
Света Веребурга била ќерка на Вулфер, кралот на Мерсија, и на света Ерменилда, ќерката на Еркомберт, кралот на Кент, и на света Сезбурга. Во неа била собрана кралската крв од сите големи саксонски кралеви, но уште од мала, слава за неа бил презирот кон суетниот свет, затоа што со сето срце Го љубела Бог. Имала тројца браќа, Вулфаде и Руфин, кои умреле како маченици, и Кенред, кој преподобно го завршил својот земен живот во Рим. Веребурга ги надминувала своите браќа во ревноста и разумот. Била смерна, послушна и кротка, поминувала многу часови во молитва на колена, во својата одаја. Нејзината убавина и исклучителните дарови, кои станувале сe повоочливи во блесокот на нејзината чесност, ? донеле многу додворувачи за брак. Но, света Веребурга останала непоколеблива во својата намера целосно да Му се посвети на Бог. Придружувана од сите дворјани и од татко ?, таа стапила во манастирот во Или, а на портите од манастирот ги пречекала светата игуменија Одри, заедно со целото сестринство. Била најголем пример на кротост, смирение, трпение и чистота. Се упокоила на 16 февруари 699 година.