Житие: Светиот свештеномаченик Авда
Епископ на градот Суза. Убиен за Христа во 418 година во Персија од царот Издегерд. Неговиот ѓакон Св. Венјамин мачителите го пуштија под услов повеќе да не го проповеда Евангелието. Тој најнапред се согласи со овој услов, но не можеше да му одолее на срцето и продолжи по народот да ја распростира верата Христова. За ова беше фатен и убиен, три години после Свети Авда, во 421 година.
Тропар
Блажен си ти, епископе Авдо, Кој излезе од соборот на незнабошците и храмови ракотворени повеќе не ѕидаше, туку неракотворениот со благодатта Господова во себе го подигна и за Бога го подготви, со крвта маченичка го освети и како брачна одаја го украси.
Подвигот и Венјамин со ревност го исполни, кој евангелски стрели испрати насекаде, иако за место маченичко прикован беше. За нас, молете се, вие цветови благоухани, на Господовата милост.