Пролог: Свети Пафнутиј Исповедник
 

 

Житие: Свети Пафнутиј Исповедник

Календар, житија, пости
Почеток
 
Епископ Таиски во Тиваида Мисирска. За православната вера страдаше многу; еретиците му го избија едното око и му ја скршија левата нога. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор, со голема сила побивајќи ја Ариевата ерес. Царот Константин многу го ценеше и често го целиваше во она избодено око. На Соборот стана одлучно против западните претставници коишто предлагаа на мирските свештеници наполно да им се забрани брак. Целиот свој живот беше девствен.