Пролог: Преподобен Пиор
 

 

Житие: Преподобен Пиор

Календар, житија, пости
Почеток
 
Отшелник нитриски. Загреан со љубов кон Бога, Пиор рано се одрече од светот и се оддалечи во пустината Мисирска, во којашто херојски се подвизуваше. За него велат дека никогаш за јадење не седнал на трпеза, туку секогаш јадел стоејќи и работејќи. Кога го прашале зошто прави така, Пиор одговорил: „Не сакам да го сметам јадењето како накоја работа, туку како нешто споредно и попатно“. Кога го повикаа во собранието за да го судат еден брат којшто нешто згрешил, тој дојде носејќи на грбот една голема вреќа песок, а на градите едно мало кесиче со песок. Запрашан што му значи тоа, Светиот одговори: „Песокот во вреќата на грбот се моите гревови и нив не ги гледам, а песокот во кесичето се гревовите на брат ми кого што треба да го судам“. Сите браќа се посрамија и возвикнаа: „Тоа е патот на спасението!“ Живееше сто години и се упокои во Господа во 6 век.

Тропар
Блажен си ти, Приоре, кој со смирение благодатта Христова ја вдоми, и велик си, Аво пустински, кој такви примери на подвижништво ни остави, затоа не престанувај за нас да се молиш, оче свет, пред Подвигоначалникот Христос, нашиот Спасител.