Житие: Света Ангелина Загливерска
Оваа света девица и Христова маченичка била од околината на градот Солун, од селото Загливери, дете на православни родители. Причина за нејзиното мачеништво било следното. Еден ден, татко ? на Ангелина се скарал со некој свој сосед, Турчин, и удирајќи го, го убил. Кога потоа бил фатен и однесен пред пашата во Солун, за да не го убијат, тој се потурчил. Тогаш света Ангелина с? уште била мала. Кога наполнила 18 години, Турците настојувале и ќерка му да се потурчи. Но, откако Ангелина одбила, татко ? ја предал на Турците за со неа да прават што сакаат. Кога кадијата ја прашал дали ќе се потурчи, таа одговорила: „Не, нема да се потурчам! И никогаш нема да се случи тоа – да се одречам од верата и од мојот Владика Христос!“ Слушнувајќи го тоа, кадијата заповедал да ја соблечат, да ја врзат за еден столб и да ја тепаат со стапови. Толку многу ја тепале, што земјата наоколу се натопила со нејзината крв, а парчиња месо паѓале од нејзините коски. Нејзината мајка била сведок на нејзиното мачеништво. На крај, кога ја оставиле полумртва, мајка ? ? се приближила и ја запрашала: „Што направи, дете мое? Ја сочува ли верата?“ А света Ангелина одговорила: „Што друго да направам, мајко, го сочував заветот – ја исповедав нашата вера“. Тогаш света Ангелина ја предала својата душа на 27 септември/10 октомври. Од нејзините свети мошти веднаш се излеало прекрасно благоухание, а ноќе небесна светлина го осветлувала нејзиниот гроб.