Пролог: Преподобен Нестор Летописец
 

 

Житие: Преподобен Нестор Летописец

Календар, житија, пости
Почеток
 
Во својата седумнаесетта година стапи во Киево-Печерскиот манастир, уште додека беше игумен Св. Теодосиј. Ја напиша првата историја на рускиот народ, во којашто ја вплете и историјата на руското подвижништво. Се одликуваше со необично смирение и кротост. Во своето славно книжевно дело често се нарекува себеси недостоен, груб, незнајко, преисполнет со секаков грев. Но Бог Којшто ги познава човечките срца, го прослави овој свој прекрасен угодник. Кога Нестор се упокои, на 27 октомври 1114 година, од неговите мошти се извршија многубројни чуда.

Тропар
Го умножи Господ смирението твое, о Несторе, и врата ти отвори во подвижничкиот живот на неговите светии, кого ти не само во срцето твое го сложуваше, туку во слава Божја на виделина на нашите очи го возведе. Затоа при Христа Бога молиме, тебе застапник да те имаме, тајновидецу свети, преподобен оче.