Пролог: Чудесниот настан со Таксиот, војник од Картагена
 

 

Житие: Чудесниот настан со Таксиот, војник од Картагена

Календар, житија, пости
Почеток
 
Целиот живот го помина во тешки гревови, но најпосле се покаја, ја остави војничката служба и живееше богоугодно. Еднаш отиде заедно со жена му на својот имот надвор од градот, изврши прељуба со жената на својот аргатин, па веднаш потоа го касна змија и умре. Беше мртов шест часа, потоа стана и дури четвртиот ден прозборе. Раскажа како ги поминал митарствата дури не дошол до митарството на блудот. Овде западнал во мрачното дувло на демоните, но бил изведен преку гаранцијата на еден ангел, па повторно бил вратен во телото за да се покае за својот последен грев. Се каеше четириесет дена одејќи од црква до црква и удирајќи си ја главата од вратите и праговите. Постојано плачеше раскажувајќи за страшните маки во кои грешниците пребиваат на оној свет и ги преколнуваше луѓето да не грешат и да се покајат за веќе сторените гревови. Четириесеттиот ден со радост замина во Царството на милостивиот Господ Бог.