Житие: Светиот маченик Аскалон
Пострада во Антиној, град мисирски, во времето на Диоклецијан. Беше биен, стружен, горен со свеќи, но остана докрај непоколеблив во верата. Кога мачителот Аријан се превезуваше со кораб преку Нил, Аскалон со молитва го запре коработ насред река и не му даваше да се помрдне дури Аријан не потпиша дека верува во Христа како во единствен и семоќен Бог. Но припишувајќи го тоа чудо на магиска вештина, мачителот заборави што потпиша и продолжи да го мачи Божјиот човек и натаму. Најпосле на Аскалон му врзаа камен на вратот и го фрлија во Нил. Третиот ден христијаните го најдоа неговото тело на брегот и чесно го погребаа, 287 година. Со него пострада и Светиот маченик Леонид. А нивниот мачител Аријан подоцна се покаја, поверува во Христа од сесрце и јавно почна да ја покажува својата вера пред незнабожците. Тогаш незнабожците го убија и него, та и некогашниот мачител на христијаните, Аријан, се удостои со маченички венец за Христа.
Тропар
Каменот што Го отфрлија Јудејците, ти Го прими во срцето твое, мачениче Аскалоне, каменот на нозете од нечестивите те ослободи од маките на минливоста. Моли се за нас, исповедниче на верата, по твоите свети молитви да добиеме од Христа милост голема.