Пролог: Свети свештеномаченик Кипријан Слепченски
 

 

Житие: Свети свештеномаченик Кипријан Слепченски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Свети Кипријан бил игумен на манастирот посветен на светиот Јован Претеча во Слепче, во времето на турското владеење, во 18 век. Во 1780 година, на Велик четврток, манастирот бил нападнат од турски разбојници, од кои Кипријан претрпел големи мачења. По нивното заминување, тој поживеал уште три дена, речиси полумртов. Од жестоките мачења се упокоил на денот на Христовото Воскресение.

Тропар
Кипријане, велик молитвениче, пред Бога застапниче, за нашите души покровителе. Моли се, оче преподобне, за оние кои ти приоѓаат од тебе благодат измолуваат. За нивно преумување, за нивно спасение, пред Бога поклонение.

Кондак
Наставик на монасите, пример за испосниците, украс на свештениците. Злобата агарјанска ја посрами, и со пролиената крв Црквата ја украси. Затоа ти повикуваме: Радувај се, свештеномачениче Кипријане, на душите наши исцеление.