Пролог: Преподобен Нил Синајски
 

 

Житие: Преподобен Нил Синајски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Најпрво беше префект во престолнината, во Цариград. Како женет човек имаше еден син и една ќерка. Гледајќи го порочниот живот во престолнината се договрои со жена му да се оддалечат од светот. Така и направија. Жена му со ќерката отиде во некој женски манастир во Мисир, а Нил со синот Теодул на гората Синајска. Полни шеесет години Св. Нил се подвизуваше на Синај. Напиша прекрасни книги за духовниот живот. Се упокои мирно околу 450 година, во осумдесеттата година на неговиот овоземен живот. Негово е светото слово: „Телесните страсти своето потекло го водат од телесните потреби и против нив е нужно воздржание; а душевните страсти се раѓаат од душевните потреби и за нив е нужна молитва.“

Тропар
Благодатта ти дадена од Господа срце ти отвори и глас подигна кој ум ти озари, за да спознаеш болести кои само воздржување и молитва ги лекува, о Ниле, Златоустов ученику, на Духот Свет гласноговорнику. Моли се за нас, благодатен учителе, кој светата Христова наука од срцето твое на хартија ни ја остави, за поучувајќи се Бога да Го славиме и тебе да те чествуваме.