Пролог: Светата маченичка Сира
 

 

Житие: Светата маченичка Сира

Календар, житија, пости
Почеток
 
Роднина на Св. Марија Голиндуха (12 јули). Персијанка, од градот Хирхаселевкос, ќерка на голем жрец огнопоклоник. Воспитана во незнабоштво, девицата Сира дозна за Христос од некои бедни жени христијанки и нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ. Еднаш кога боледуваше, а додека с ? уште не беше крстена, побара од христијанскиот свештеник прав од црквата, но тој како некрстена ја одби. Тогаш таа со голема вера се допре до одеждите на свештеникот и оздраве. Тоа чудесно исцеление уште ја доутврди во Христовата вера. Но нејзиниот бездушен татко ја предаде на измачувања, при што беше охрабрувана со небесни виденија. Ја удавија насилно со коноп и ја потопија во вода, во 558 година, во времето на персискиот цар Хозрој I, а во осумнаесеттата година од нејзиниот живот. Така оваа Света девица го заврши патот на земјата и се пресели во ангелските престојувалишта на небото.

Тропар
По ликот твој трагаме денес, Христова света маченичке Сиро, по ликот озарен на благодатта Господова, осветлен од солзната молитва, ликот кој се удостои Бога да Го види и од Него помош да добие. Моли се за нас, света девице и благодатно поведи н? на патот спасоносен.